Сведоштва од Индија
Луѓето кои работат во болниците во Делхи се борат со бројот на заразени кој секојдневно е во пораст. Многумина се обидуваат да го спасат животот на заразените, а истовремено мораат да ги испратат своите најблиски кои починале од коронавирусот.
Во Индија се регистрираат стотици илјади нови случаи на ковид-19 секојдневно, а властите се соочуваат со ужасни проблеми. Нема повеќе кислород во болниците, а во мртовечниците нема повеќе места за чување на телата.
Се проценува дека едно лице од ковид-19 умира во Делхи на секои четири минути.
Чарнајев работи во крематориумот со децении, но досега не се соочил со нешто слично како во последните неколку недели.
– Никогаш не сум видел нешто толку ужасно. Не можам да поверувам дека сум во Делхи, главниот град на Индија. Луѓето не добиваат кислород, тие умираат како животни – вели Чернаев.
Тој раскажува дека немаат доволно ресурси кои им се потребни за да кремираат некого.
Здравствените работници се преморени. Многумина се борат за животот на заразените, а во исто време мораат да ги погребаат своите најблиски кои починале од коронавирусот. Би-би-си ја раскажуав приказната на Шиванги, која додека чека да биде кремиран нејзиниот дедо, постојано го држи телефонот во раце и се јавува насемкаде за да обезбеди кислород за болницата во која работи.
– Ова е ужасно. Не разбирам што прави оваа влада, ова е катастрофа. Веќе не може да се живее во Делхи. Овде не можете ниту да умрете како човечко суштество – рече таа за „Би-Би-Си“.
Шиванги тврди дека нејзиниот дедо починал токму поради недостаток на кислород.
Нејзините колеги се очајни, велат дека повеќе не знаат што да прават.
– Понекогаш плачеме од мака, бидејќи веќе не знаеме што да правиме. Не сме во можност да им помагаме на пациентите – велат лекарите.
Креветите се претежно зафатени од млади луѓе, а дури 65 проценти од хоспитализираните се на возраст под 40 години.