Во изминатите 24 часа, 446 лица починаа во Италија од кoвид-19, а регистрирани се 37.809 нови случаи, што е најголем број на заразени за еден ден, соопшти тамошното Министерство за здравство.
Забележани се за 3.000 случаи повеќе од претходниот ден, кога имало 34.505 нови случаи.
Во соопштението се наведува дека во четвртокот биле извршени 234.245 тестови, што е најмногу за еден ден од почетокот на епидемијата.
Вкупно 40.638 лица починаа од коронавирус во Италија, а 862.681 лице се заразиле.
Најпогодена е северната област Ломбардија, во која се наоѓа најголемиот економски центар Милано, каде денес се регистрирани 9.934 случаи на ковид-19.