Германската канцеларка Ангела Меркел им порача на Германците денес дека се гледа светлина на крајот од тунелот и дека ќе го победат вирусот, само еден ден откако побара прошка за најавените строги мерки за време на Велигден.
Одлуката на Меркел во средата да се откаже од плановите за продолжено затворање за време на празниците со цел да се обиде да го заузда третиот бран на ковид-19, договорен два дена порано за време на разговорите со гувернерите на 16 германски држави, предизвика загриженост дека ја изгуби контролата врз криза, пишува „Ројтерс“.
Во 27-минутното обраќање пред пратениците, таа рече дека знае колку е тежок животот за многу луѓе, но ги повика да размислуваат позитивно, тврдејќи дека вакцините нудат излез од кризата.
– Ќе бидат потребни уште неколку месеци, но светлината на крајот од тунелот е видлива. Ќе го победиме вирусот – им рече Меркел на пратениците во долниот дом на парламентот на Бундестагот.
Меркел се обрати пред Бундестагот пред самитот на лидерите на ЕУ закажан за денес, најавувајќи дека ќе има разговори за тоа како да се обезбеди повеќе вакцини да се прават на европско тло.