Германската канцеларка Ангела Меркел апелираше до своите сонародници да ги намалат социјалните контакти за време на Божиќ, нагласувајќи дека научниците практично ги молат граѓаните да се придржуваат кон научните упатства.

Секогаш собрана и студена, Меркел сега ги замоли Германците да се придржуваат кон пропишаните мерки во емотивен настап, скоро на работ на солзи.

– Бројот на контакти е преголем, намалувањето на контактите не е доволно. Извинете, навистина ми е жал од дното на моето срце, но ако цената што ја плаќаме е 590 смртни случаи на ден, тогаш според мене тоа е неприфатливо – рече таа, видливо вознемирена од пратениците и граѓаните.

Обраќајќи им се на пратениците, Меркел рече дека ограничувањата воведени на почетокот на ноември не се покажале ефикасни, бидејќи пред празниците се регистрирани голем број смртни случаи поврзани со коронавирус и прием на единици за интензивна нега.

– Ако имаме премногу контакти пред Божиќ и на крајот тоа е последниот Божиќ со нашите баби и дедовци, тогаш ќе сториме нешто погрешно. Не треба да дозволиме тоа да се случи – рече таа.