Властите во Пекинг, со население од 20 милиони, спроведуваат масовни тестирања на сите вработени на градските пазари со цел да воспостават контрола врз новиот бран на коронавирус.
Ова следи откако бројот на пациенти во вториот бран во Пекинг ги надмина бројките од првиот бран на почетокот на февруари.
Властите тестираат десетици илјади вработени во службите за испорака и на пазарите, а сите добавувачи ќе бидат тестирани до следната недела.
Според официјалните податоци, во Пекинг денеска се потврдени 22 нови случаи на ковид-19, плус пет во други делови на Кина. Нема нови смртни случаи и 308 лица се хоспитализирани.