Личниот лекар на папата Франциск, Фабрицио Сокорзи, почина како резултат на инфекција со коронавирус, објави весникот на Ватикан „Л’Осерваторе Романо“.
Според весникот, папата Франциск го избрал Сокорзи за свој личен лекар во 2015 година. Тој имал 78 години.
Лекарот бил хоспитализиран во Рим на 26 декември поради претходна онколошка болест. Не е познато кога последен пат бил во директен контакт со папата Франциск.
Во интервју за италијанскиот „Канал 5“, папата Франциск објави дека Ватикан ќе започне вакцинирање против ковид-19 следната недела, пренесува Си-ен-ен.