Куба вакцинираше околу 90 отсто од своето население најмалку со една доза против коронавирусот, додека 83 отсто од популацијата е целосно вакцинирана.
Земјата ги имунизираше своите граѓани многу побрзо од многу поголеми и побогати земји во светот.
Куба произведе своја вакцина против коронавирусот, со која се вакцинирани речиси сите деца на возраст од две до 18 години.
Бројот на новозаразени и починати неделава во Куба е драстично намален.