Лекот проитв маларија Хидроксихлорокин, кој американскиот претседател Доналд Трамп го наведе како можно решение за лекување на коронавирусот, не е поефикасен од конвенционалните методи на лекување, покажува студија спроведен во Кина, а пренесува „Блумберг“.
Извештајот објавен во Кина во „Journal of University of Zhejiang“ покажа дека пациентите третирани со овој лек не се бореле против вирусот подобро од оние кои биле подложени на стандардната терапија.
Тестирањето било спроведено на група од 30 лица. Од 15 кои добиле лек против маларија по две недели 13 биле негативни на тестовите, а од другата група која не го земала тој лек, 14.
„Блумберг“ наведува дека Хидроксихлорокин применуван со антибиотик во Франција добил на важност како терапија врз основа на мала контроверзна студија спроведена на 40 пациенти.
Во таа студија, лекот им помогнал на организмите на 26 пациенти да го победат вирусот, што било потвредено со брис од носот.
Експертите ја критикуваа студијата, нарекувајќи ја интересна, но далеку од дефинитивна.
„Блумберг“ потсетува дека претседателот Трамп во повеќе наврати изразил увереност дека тој лек е ефикасен.