Италија го укинува ограничувањето за бројот на посетители во кината, театрите и концертните сали, кои од понеделник ќе може повторно да работат со 100 проценти капацитет.
Посетителите ќе треба да покажат потврда дека се вакцинирани, прележале Ковид-19 или имаат негативен тест.
Покрај тоа, соодветните региони мора да се класифицираат како т.н. бели зони, што укажуваат на ниско ниво на инфекција.
Музеите во белите зони веќе работат со полн капацитет.
Од понеделник на ноќните клубови им е дозволено да полнат 50 проценти од внатрешниот простор и 75 проценти на терасите.
Посетеноста на спортските стадиони ќе се зголеми на 75 проценти на отворено и на 60 проценти во затворен простор.