Израел делумно ја отвори својата економија, што се смета за враќање кон нормалниот живот во таа земја, што беше овозможено со вакцинацијата.
Досега е вакцинирано речиси половина од населението, објави Ројтерс.
Продавниците се отворени за сите граѓани, но влезот во спортските сали, театрите и кината е ограничен само на луѓе кои примиле две дози од вакцината и на поранешни ковид-пациенти кои имаат имунитет и таканаречен „зелен пасош, пренесува агенцијата.
Физичкото дистанцирање е сè уште на сила, а танцувањето е забрането во салите за прием, додека во синагогите, џамиите и црквите, половина од капацитетот на објектот може да се пополни.
Токму на денешен ден откако беше забележан првиот случај на Kовид-19 во Израел, олеснувањето на мерките е дел од планот на владата за постепено отворање на економијата, во време кога премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе се обидува да дојде до нов мандат.