Многу израелски функционери се наоѓаат во самоизолација откако било потврдено дека министерот за здравство, Јаков Лицман, е позитивен на коронавирус.
Министерот бил и во чести контакти со премиерот Бенјамин Нетанјаху, соопшти Министерството за здравство.
Во Израел се регистрирани речиси 7.000 заболени од коронавирус, а починале 34. Голема ултра-ортодоксна заедница, каде е член Лицман, најмногу е погодена од епидемијата на коронавирус. Многумина од нив на самиот почеток ја прекршуваа забраната за движење, но изгледа дека по зголемувањето на бројот на заболени тие ги прифатија мерките на владата.