Европската агенција за лекови објави дека секое шише вакцина од компанијата „Фајзер“ и „Бионтек“ содржи до шест дози вакцина против ковид-19.
Во ажурираните упатства за употреба на вакцината „комирнати“ на „Фајзер“ и „Бионтек“ се наведува дека, за да се извлечат шест дози од едно шише, потребно е да се користат шприцови и/или игли со волумен не поголем од 35 микролитри, пренесува „Танјуг“.
ЕМА наведува дека ако се користат стандардни шприцови и игли, волуменот на една вакцина можеби не е доволен за да се оддели шестата доза од шишето. Се додава дека ако количината на вакцината што ќе остане во шишето по петтата доза не може да ја обезбеди целосната доза (0,3 мл), здравствениот работник мора да го фрли шишето заедно со неговата содржина.
Нагласено е дека не треба да се мешаат повеќе шишенца за да се добие потребната доза вакцина, а неискористената вакцина треба да се фрли шест часа по разредувањето.
ЕМА потсетува дека „комирнати“ е вакцина за спречување болести кај лица на возраст од 16 години и постари и дека е одобрена во ЕУ на 21 декември 2020 година.