Египет ја одобри вакцината против ковид-19 што ја изработи кинескиот фармацевтски гигант „Синофарм“, а вакцинацијата во таа земја ќе започне во јануари, изјави министерот за здравство, Хала Зајед.
Првата пратка на вакцини беше доставена во декември, а се очекуваат понатамошни дози овој месец.
– Втората пратка од оваа вакцина треба да пристигне во втората или третата недела од јануари и веднаш штом ќе пристигне, ќе започнеме со вакцинирање – рече Зајед, објави британскиот дневен весник „Гардијан“.
Според него, Египет планира да купи 40 милиони дози од вакцината на „Синофарм“.
– Египет, исто така, ќе ја добие вакцината на „АстраЗенека“ и Оксфорд во третата недела од јануари – посочи Зајед додавајќи дека во тек се преговори со „Фајзер“.