Најмалку 20 вработени во палатата на авганистанскиот претседател се заразени со ковид-19. Информацијата ја соопштија двајца владини претставници за француски медиуми.
Претставник од авганистанската влада тврди дека случаите се кријат за да се спречи ширње на паника.
Вториот официјален претставник кој ја потврди информацијата додаде и дека уште 12 позитивни случаи се откриени меѓу вработените во административната канцеларија на претседателот Ашраф Гани.
Се верува дека вирусот навлегол во претседателската палата преку контаминиран документ од друга институција.