Повеќе од половината од 300 пациенти во Франција, кои се подложени на интензивна нега поради коронавирусот се под 60-годишна возраст, соопшти денеска Националната здравствена агенција.
– Имаме 300 сериозни случаи во одделението за интензивна нега. Има многу сериозни случаи кај возрасните, а повеќе од 50 проценти од пациентите на интензивна нега се стари до 60 години – вели Жером Соломон од Агенцијата, а пренесува Си-ен-ен.
Во Франција, во неделата беше објавено дека потврдени се 5.423 случаи, а 127 починале.