Бројот на пријавени случаи на коронавирус опаѓа во последниот месец ширум светот и денес е најмал од средината на октомври минатата година, покажуваат податоците на „Ројтерс“.

Падот на бројот на нови случаи се совпаѓа со мерките за затворање и ограничувањата за собирање и движење. Но, оптимизмот дека ќе помине кризата се намалува со појавата на новите видови на вирусот и стравувањата дека вакцината ќе биде ефикасна.

– Сега не е време да се опуштиме. Не смееме да се доведуваме во ситуација повторно да расте бројот на случаи – рече Марија Ван Керхове од Светската здравствена организација на прес-конференција во Џенева.

Вакцинацијата досега започна во 85 земји и се распределени 187.892.000 дози, покажуваат податоците на „Ројтерс“. На прво место е Гибралтар, британска територија на југот на Шпанија, каде се вакцинирани 40 проценти од населението.