Афроамериканците и Латиноамериканците примаат значително помалку дози вакцини од белците поради што поединци ги обвинуваат американската федерална влада и болниците дека не инсистираат на еднаквост.
Анализа на Си-ен-ен од 14 сојузни држави во САД покажала дека опфатот на вакцините е двојно поголем кај белците отколку кај Афроамериканците и Латиноамериканците.
Покрај тоа, Афроамериканците и Латиноамериканците умираат трипати повеќе од белците и имаат четирипати повеќе хоспитализирани, според американскиот Центар за контрола и превенција на болестите.