Бројот на починати од коронавирус достигна нов врв во Русија, со 153 заразени пациенти кои починале од саботата, соопштија денеска властите во Москва.
Сега во Русија има 3.541 смртен случај поврзан со ковид-19. Повеќе од 344.400 луѓе се заразени низ целата земја, а околу 113.000 се опоравиле.
Бројот на лица потврдени дека починале од вирусот во Русија е релативно мал. Неодамна, во неколку медиуми имаше извештаи дека многу смртни случаи не се појавуваат во статистиката, но владата остро го негира тоа.
Властите посочуваат дека пандемијата сериозно ја погодила Русија подоцна во споредба со повеќето европски земји.
Вирусот првично избувна во Кина, а Русија се затвори релативно брзо поради долгата погранична линија со соседната земја.