Бројот на лица заразени со коронавирусот во Бразил е зголемен за 17.246 во претходните 24 часа, додека 307 пациенти починале како резултат на инфекцијата, покажуваат најновите податоци на Министерството за здравство.
До вчера во Бразил се регистрирани 6.475.466 оздравени лица, односно 87 проценти од вкупниот број на заразени, а во овој момент скоро 800.000 пациенти се под медицински надзор, пренесува ТАС С.
Од почетокот на пандемијата, вкупно 190.795 луѓе починале и 7.465.806 биле заразени.
Бразил е на третото место во светот според бројот на заразени, зад САД и Индија. Само САД имаат повеќе смртни случаи од Бразил.