Британските власти имаат намера да воведат дополнителни тестови за патниците од странство што се чуваат во карантин, но конечната одлука за тоа сè уште не е донесена, изјави денеска министерот за животна средина, Џорџ Џастис.
ИТВ објави дека постои план сите патници кои пристигнуваат во Велика Британија од странство да бидат тестирани на вториот и осмиот ден по пристигнувањето, додека се во карантин.
– На овој начин, ние сакаме дополнително да ги зајакнеме мерките против коронавирусот – потврди Џастис за „Скајњуз“, пренесува „Ројтерс“.