Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро е позитивен на коронавирус и на третото тестирање.
Присуството на вирусот за првпат му беше потврдено на 7 јули, а тој беше упатен на двонеделен задолжителен карантин, соопшти Владата. Оттука додаваат дека Болсонаро сè уште се чувствува добро.
Според Светската здравствена организација, времето на закрепнување за лесни случаи е две недели.
Болсонаро ќе продолжи да одржува состаноци преку видео-врска. Бидејќи е заразен, неговата посета на северот на Бразил била откажана.
Коронавирусот е потврден и кај четири лица во неговиот кабинет.
Болсонаро во неколку наврати ја негираше сериозноста на ковид-19, нарекувајќи го „обичен грип“. Тој беше често гледан меѓу луѓето без маска.
Досега се потврдени повеќе од два милиони случаи на коронавирус во Бразил, а повеќе од 81.000 луѓе починале.