Белгиските власти прогласија највисок степен на тревога во земјата поради огромното зголемување на бројот на заразени и хоспитализирани од коронавирус.
Таканаречената „фаза 4“ вклучува воведување полициски час низ целата земја, баровите и рестораните се затвораат, дозволен е близок контакт со само едно лице надвор од домаќинството, а работата на далечина е задолжителна секогаш кога е можно.
Продавниците за храна ќе останат отворени, но сите традиционални Божиќни прослави и свечености на улиците се откажани.
– Бројот на инфекции расте секој ден и многу брзо. Нашите лекари и болници се под голем притисок. Ние водиме нееднаква битка со овој вирус – рече премиерот на Белгија, Александар Де Кроа.