Соединетите Американски Држави се на пат да станат следниот епицентар на коронавирусот, но светските здравствени власти веруваат дека има уште време да се спречи тоа сценарио.
– Иако бројот на заболени и луѓе што умираат секој ден се зголемува, сепак ја имате можноста да го смените тоа. Имате најдобри лекари на светот, луѓе што може совршено да ја користат технологијата – изјави портпаролката на Светската здравствена организација, Маргарет Харис.
Формулата за успех е тестирање на луѓето, пронаоѓање на секој случај, идентификација на лицата што дошле во контакт со оние што се заразени, изолација на болните или изложените на вирусот и карантин, додава таа.
Харис претходно рече дека САД имаат потенцијал да станат следниот епицентар на коронавирусот поради големиот број новозаболени. Повеќе од 800 Американци починале од вирусот, а инфицирани се 60.000 луѓе. Повеќе од половина од населението во САД се во изолација.