Американската управа за храна и лекови издаде одобрение за употреба на тест за коронавирус направен од компанијата „Абот Лабораторис“, кој може да помогне за поголем број тестирања.
Планот е да се испорачаат десетици милиони тестови во септември и да се зголеми производството до 50 милиони тестови во октомври, по цена од 5 долари.
Тестот е со големина на кредитна картичка, а резултатите се достапни за 15 минути. Овие тестови не се толку прецизни како оние што моментно се користат, но ќе овозможат побрзо и почесто тестирање.