Повеќе од 500.000 луѓе примија вакцина против ковид денеска во Англија, покажуваат најновите податоци.
Вкупно 8.251.146 вакцини примиле Британците во периодот од 8 декември до 30 јануари, покажаа податоците на Националниот институт за јавно здравје, објави Скај Њуз. Од вакцинираните, 549.943 ги примиле и двете дози вакцина на „Фајзер“.