Кинеското Министерство за надворешни рабори соопшти дека и Светската здравствена организација кажала дека нема докази за вештачкото настанување на вирусот ковид-19 во лабораторија.
Вака одговори портпаролот на Министерството, Жао Лиѓијан, на обвинувањата дека вирусот настанал во лабораторија во кинескиот град Вухан.
Првичните сомнежи за тоа дојдоа од САД. Претседателот и државниот секретар на САД, Доналд Трамп и Мајк Помпео, изјавуваа дека американската влада се обидува да утврди дали ковид-19 е направен во лабораторија во Вухан, каде што се појави вирусот на крајот на декември минатата година.