Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 10.010 лица заразени со коорнавирус, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата, додека 55 лица починаа, објави Министерството за здравство.
Бројот на пациенти примени на одделенијата за интензивна нега исто така се зголемува.
Италија е прва европска земја погодена од ковид-19 и втора на Стариот Континент според бројот на смртни случаи, по Велика Британија, со 36.427 смртни случаи.
Регионот Кампања во јужна Италија одлучи да ги затвори училиштата до крајот на октомври, поради зголемениот број на заразени.