Ковид-пандемијата го натерала индискиот софтверски инженер Бавин Ахир да ги адаптира лифтовите со цел луѓето да се заштитат од ширење на вирусот преку допир, пренесува Си-ен-ен.
– Стравот од допир на копчињата беше секогаш присутен, па решив да направам некои подобрувања – вели Ахир, основач на компанијата за електроника „Текмакс Солушнс“.
Така, тој го креирал „Спаршлес“, што во превод значи „Без допир“, комплетно бесконтактен систем дизајниран за свет во кој луѓето станаа претпазливи за сѐ што допираат. Панелот, кој се приклучува на лифтот, има инфрацрвени-копчиња кои се активираат на оддалеченост од 10 до 15 милиметри.
Во Тајланд, слична солуција е постигната со педали на подот од лифтовите, кои се притискаат со нозе. Во Јапонија пак, компанија за чепкалки за заби го промовираше едноставниот начин, со мали чепкалки кои се фрлаат по употребата. Во САД за таа намена се користат капачињата на пенкалата.
Ахир вели дека системот првин го тестирал во неговата зграда, и било тешко да се најдат купувачи за време на пандемијата. Но, тој вели дека станал пооптимистичен откако добил нарачки од Кувајт, Обединетите Арапски Емирати и од Бразил за неговите панели.