Европската комисија соопшти дека се договорила за купување на ограмничена залиха на „ремдесивир“, лек против ковид-19, со американскиот производител на лекот „Џилед“, за да ги задоволи краткорочните потреби на европските пациенти и надешта дека подоцна ќе успее да нарача уште.
„Ремдесивир“ е единствен лек до сега одобрен во ЕУ за употреба против ковид-19, но речиси сите достапни залихи веќе ги купија САД.
ЕК се согласила да плати 63 милиони евра за купување доволно дози за лекување на околу 30.000 пациенти, се наведува во изјавата.
САД во јуни потпишаа договор со „Џилед“ за над 500.000 третмани на лекување, што сочинува поголем дел од производството до септември.
Комисијата соопшти дека со оваа набавка на лекот ќе се решат само моменталните потрби и додала дека веќе работи на тоа да обезбеди нови дози од септември.
Според информациите, платено е 2.340 долари по пациент, сума за која компанијата соопшти дека ќе ја наплати во побогатите земји.