Кина ја прошири контролата за меѓународните патници на аеродромот во Пекинг и најави дека ќе ги стави во карантин 14 дена сите патници кои пристигнуваат со меѓународни летови, почнувајќи од понеделник.
Кина извести за 20 нови случаи на коронавирус, што е за 11 повеќе споредбено со еден ден претходно.
Од тие 20 случаи, 16 биле странски државјани, меѓу кои патници од Шпанија, Италија и Тајланд.