Според последните податоци, во Велика Британија починале 847 луѓе во последните 24 часа, а бројот на нови случаи е 5.599.
Така, бројот на пријавени случаи на ковид-19 во таа земја се зголеми на 108.692, а бројот на смртни случаи на 14.576.
Во Велика Британија, втор ден по ред, дневната бројка на смртни случаи е над 800, а четири дена пред тоа по ред беше помеѓу 730 и 780. Најголем број на смртни случаи за еден ден беа пријавени на 10 април – 980.