Во Србија во последните 24 часа се потврдени 372 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број се искачи на 5.690.

Тестирани се 3.094 лица во текот на минатиот ден, а починале седум луѓе.

Вкупно се тестирани 32.56 луѓе. Од вирусот починале 110 лица, а излекувани се 534.

Хоспитализирани се 3.765 пациенти, од кои 122 се со влошена клиничка слика и се ставени на респиратор.

Од 6.567 здравствени работници во Србија, со вирусот се заразени 616.

Од денес во Србија, со почеток во 17 часот, почнува 84 часовниот полициски час, кој ќе трае до вторник во 5 часот.