Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часa направени се 1.489 тестови, а регистрирани се нови 511 случаи на ковид-19: Скопје – 276, Куманово, Кавадaрци и Охрид – по 27, Велес – 23, Битола – 22, Тетово – 17, Прилеп – 15, Штип – 13, Струмица и Кочани – по 12, Радовиш и Делчево – по 6, Гостивар, Струга, Гевгелија и Неготино – по 4, Крива Паланка – 3, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 2, Берово, Валандово и Богданци – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (511), регистрирани се 129 реинфекции.
Регистрирани сe 264 оздравени пациенти од: Скопје – 149, Охрид – 15, Кавадарци и Битола – по 12, Куманово – 11, Тетово – 9, Велес – 8, Прилеп, Струмица и Гостивар – по 6, Штип и Неготино – по 5, Кочани – 4, Гевгелија – 3, Струга, Крива Паланка и Пробиштип – по 2, Делчево, Ресен, Богданци, Кичево, Дебар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ регистрирани се две починати лица од Скопје (72г и 88г), едното лице е починато во болнички услови, а другото лице во домашни услови. Лицата се починати на 5 јули.
Досега во земјата се направени вкупно 2.092.192 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 316.729, бројот на оздравени пациенти е 305.503, на починати е 9.337, а бројот на активни случаи изнесува 1.889.