Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 1.631 тестови при што се регистрирани нови 788 случаи со ковид-19, 541 оздравен пациент и двајца починати, од кои едниот од Струга (89 г), а другиот од Охрид (92 г). Двете лица починале во болнички услови. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 191 реинфекции, соопшти Министерството за здравство.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ регистрирани се две починати лица од Куманово (81г) и Гостивар (78г). Двајцата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во периодот од 7 до 12 јули.
Од 788 новозаболени од Скопје се 350, Битола – 59, Куманово – 53, Кавадарци – 33, Охрид – 31, Прилеп – 30, Велес и Струмица – по 27, Тетово – 25, Штип – 22, Гостивар – 20, Струга – 18, Кичево и Гевгелија – по 14, Неготино – 12, Ресен – 10, Крива Паланка – 9, Радовиш – 8, Кочани – 6, Берово, Кратово и Крушево – по 3, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Дебар, Валандово, Виница, Пробиштип и Пехчево – по 1.
Од 541 оздравен пациент од Скопје се 251, Битола – 41, Прилеп – 31, Охрид – 28, Тетово – 27, Куманово – 24, Кавадарци и Велес – по 23, Струмица – 15, Штип – 13, Кочани – 12, Струга и Кичево – по 8, Гостивар – 6, Радовиш – 5, Гевгелија и Неготино – по 4, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 3, Ресен – 2, Богданци, Демир Хисар, Валандово, Виница, Пробиштип, Пехчево и Свети Николе – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 2.104.009 тестирања на ковид. Вкупниот број на ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 321.386, бројот на оздравени пациенти е 308.199, на починати е 9.349, а на активни случаи изнесува 3.838.