Фото: Дмитро Кулеба/инстаграм

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба смета дека не треба да се дозволи „соучесниците во агресијата против Украина“ да ја префрлат целата одговорност на претседателот на Русија, Владимир Путин, пренесе „РТС“.

– Не смееме да дозволиме оние кои се соучесници во ова злосторство да го обвинуваат Путин за сè. На пример, министерот Лавров мора да сноси 100 проценти одговорност за соучесништво во агресијата. Шојгу мора да одговори исто и Герасимов – рече Кулеба.

Според него, одговорност треба да сносат и заменик-претседателот и секретарот на Советот за национална безбедност на Русија Дмитриј Медведев и Николај Патрушев.

– Секој кој на овој или оној начин придонел за започнување на војната против Украина и извршил злосторство агресија врз Украина, треба да одговараат –  рече Кулеба.