Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Очекуваме економски раст од 3,7 отсто на БДП до крајот на годината, а голема улога во овој раст имаат капиталните расходи кои изнесуваат над 800 милиони евра годинава, како и инвестициите во инфраструктурата во општините, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Во емисијата „Став на регионот” на ТВ Њузмакс Балкан, тој посочува дека неговиот ресор е главниот двигател на капиталните расходи.

-Влеговме доста амбициозно како Влада и сметаме дека капиталните расходи се срцето на економскиот раст на Македонија. Оваа година очеуваме 3, 7 отсто економски раст од БДП, што ќе биде убедливо најголем раст во регионот. Сакаме да ја вратиме Македонија на старите патеки кога бевме шампиони во економски раст и тоа веќе успеавме да го направиме во втората половина на минатата година, а ова е прва наша целосна година и ќе се видат резултатите – истакна вицепремиерот Николоски.

Тој потенцираше дека Македонија во моментов е претворена во големо градилиште, каде со владина поддршка со 350 милиони евра за општините се реализираат над 1200 проекти.

– Новиот повик од 250 милиони евра, заедно со претходниот од 100 милиони евра е една вкупна сума од 350 милиони евра, нешто што е невидено во општините претходно. За жал поголемите инфраструктурни зафати во општините се правени во време на поранешната држава, во време на Југославија и од тоа време нема направено поголеми инфраструктурни зафати. Ние прв пат влегуваме во еден голем циклус, прв пат интензивно се менуваат или се градат: водоводни, канализациони мрежи, прв пат се прават локални патишта, се градат училишта, градинки, спортски терени, сето она што е потребно на општините, за народот пристојно и нормално да живее – рече вицепремиерот Николоски.