Во периодот на пандемијата, западните централни банки ја засилија „инфузијата“ на свежи пари, за да ги покријат зголемените трошоци за здравствени и социјални намени, за доделување обилни субвенции на своите компании, за зачувување на стандардот на граѓаните, за зачувување на постојните работни места и социјалниот мир. За пример, само за време на кризата на ковид Европската централна банка отпечатила 2.900 милијарди евра, а Америка за време на кризата испечатила 5.900 милијарди долари! Како последиците од тоа долгорочно се чувствуваат и ќе се чувствуваат на глобално ниво, особено кај нас и кај преостанатите земји во развој?
Печатењето пари и нивното пуштање во оптек значајно придонесоа за зголемување на инфлацијата
ија, како и високото ниво на цените на енергијата, суровините и храната, продолжува да причинува надолен тренд на економиите во светот. Во ЕУ инфлацијата минатата година достигна историски највисоко ниво, а јануарската инфлација изнесуваше 10 отсто. Во САД трендот е сличен, а просечната годишна стапка на инфлација во јануари изнесуваше 6,4 отсто.
Но повеќеслојната економска криза, која се идентификува со повеќе белези, претставува само последица на политиките што се применуваа од повеќе земји во светот, а се однесува на практикување механизми со кои во системот без покритие се вшприцуваат нови емисии на пари од страна на централните банки. Тоа предизвикуваше поголема побарувачка за производи и услуги на глобално ниво, за што немаше реална понуда.
Имено, во периодот на пандемијата, централните банки ја засилија „инфузијата“ на свежи пари, за да ги покријат зголемените трошоци за здравствени и социјални намени, за доделување обилни субвенции на своите компании, за зачувување на стандардот на граѓаните, за зачувување на постојните работни места и социјалниот мир. За споредба, само за време на кризата на ковид Европската централна банка отпечатила 2.900 милијарди евра, а Америка за време на кризата испечатила 5.900 милијарди долари! Но кон исти мерки во монетарната политика пристапија и другите национални банки, а последиците од тоа се чувствуваат на глобално ниво, преку генерирање на инфлаторната спирала, скапа енергија и високи цени на храната.
Суптилен „данок на инфлација“ за кој граѓаните не се ниту свесни
Еден од поинтересните феномени поврзани со инфлацијата, односно зголемувањето на нивото на цените, како што посочуваат економистите, е т.н. инфлациски данок. Зошто централните банки одлучуваат да печатат толку пари, чија вредност се знае дека ќе се намали со текот на времето? Еден од поинтересните одговори на ова прашање е дека владите на тие земји го користат зголеменото печатење пари како начин за да ја платат својата зголемена потрошувачка. Економистите сликовито го опишуваат тоа вака: кога владата сака да изгради патишта, да ѝ исплати плати на јавната администрација, таа најпрвин треба да ги собере неопходните средства. Владата го прави тоа со помош на персоналниот данок, данокот на доход итн. Но кога приходите во државната каса се недоволни, тогаш „најлесен начин“ да се дојде до нови финансиски средства е преку – печатење пари. Поедноставно кажано, токму тогаш кога владата собира приходи со печатење пари се вели дека таа собира инфлациски данок. Овој данок не е како и сите други даноци, тој претставува посуптилна категорија, бидејќи ниту еден граѓанин не добива сметка од страна на владата за плаќање на овој данок.
Западните централни банки претераа со печатењето пари од 2020 година
Соговорниците економисти пластично го опишуваат тоа на следниов начин: кога владата печати пари, се зголемува нивото на цените, а парите во нашиот џеб се помалку вредни. Според тоа, инфлацискиот данок е како еден вид данок на секој што држи готови пари. Имено, бидејќи владата има големи трошоци, таа се свртува кон печатарската практика за да плати својата потрошувачка. Енормните зголемувања на количеството на пари водат кон огромна инфлација.
Професорот на Факултетот за економија, финансии и администрација (ФЕФА) Славиша Тасиќ објаснува дека кога почнала пандемијата, централните банки тргнале со поттикнување на побарувачката со печатење пари.
– Во оваа криза проблемите се на страната на понудата. Сега се печатат пари, но не се произведува доволно на светско ниво, а се стимулира побарувачката. Резултатот е раст на цените. Светот не беше соочен со инфлација од крајот на 1970-тите години. Централните банки претераа со печатењето пари од 2020 година и најголемиот проблем сега е како да се пристапи на дезинфлација. Тоа ќе доведе до намалување на ликвидноста и до можна рецесија – изјави Тасиќ и додаде дека намалувањето на инфлаторниот притисок, кој се чувствува и во другите земји, ќе зависат од потезите што ќе ги преземат ФЕД и Европската централна банка.
Но токму тука се отвара прашањето и за доларот (а и за еврото) како платежна валута во светот и за неговото влијание на економските текови во другите земји. Позицијата на доларот како „привилегирана валута“, која учествува со околу 60 отсто на девизните резерви во земјите од светот, според толкувањата на некои економисти, овозможува преку новопечатените пари да се купуваат добра од светот, за кои реално немаат доволно покритие, поради високиот буџетски дефицит и растот на јавниот долг. Така, другите земји, особено земјите во развој, зависат од вредноста на доларот и по секое намалување на неговата вредност се принудени и да продаваат поевтино!
Шокови во понудата што се претвораат во пораст на цените поради
вишокот побарувачка
Како и поголемиот дел од развиениот свет, Европа закрепнува од враќањето на стагфлацијата. Во стагфлациско опкружување, неочекуваните настани (како конфликтот во Украина или ковид-19) создаваат шокови во понудата што се претвораат во пораст на цените поради вишокот побарувачка. Според Ханс-Вернер Син, професор по економија на Универзитетот во Минхен, за здравствени и социјални намени, за доделување обилни субвенции на своите компании, за зачувување на стандардот на граѓаните, за зачувување на постојните работни места и социјалниот мир. Иако се чини дека растот на цените забавува, инфлацијата во еврозоната сè уште е на 8,5 отсто, што е четири пати повисоко од целта на Европската централна банка од два отсто и може повторно да се зголеми.
– Дури и најновата основна стапка на инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на храната и енергијата, изнесуваше седум отсто, многу повисока од очекуваното. Секако, денешниот инфлациски бран не е нешто како хиперинфлациските кризи од почетокот на дваесеттиот век. Но секоја инфлациска епизода започнува постепено, а тајната лежи во тоа проблемот да се пресече во корен пред да излезе од контрола – вели Син.
Плановите на Европската комисија да собере милијарди со издавање долгорочни обврзници на ЕУ, според него, се правно сомнителни и економски неодговорни. Ова задолжување, за кое постојано се бараат нови оправдувања, очигледно доведува до зголемување на инфлацијата. Покрај тоа, пристапот на комисијата може да ја поткопа европската стабилност и да ја загрози единствената валута. Секој нов долг сега е инфлациски и со тоа потенцијално може да ја уништи стабилноста на еврото. М.Ј.