Фото: Шпаркасе банка

Повеќе од 100 училишта и градинки и повеќе од 4.500 деца ќе бидат дел од едукативниот карван посветен на развивањето на навиките за штедење уште од најмала возраст

Шпаркасе Банка и годинава го продолжува својот традиционален едукативен карван посветен на штедењето, кој во текот на месецот на штедење ќе ги посети училиштата и градинките низ земјата. Преку серија едукативни средби, децата на забавен, интерактивен и едноставен начин ќе имаат можност да научат повеќе за значењето на штедењето, правилното управување со парите и за создавањето добри финансиски навики уште од најрана возраст.

Карванот годинава ќе опфати над 100 училишта и градинки, каде што едукативните активности ќе допрат до повеќе од 4.500 деца. Во неговата реализација активно ќе бидат вклучени и вработените од Шпаркасе Банка, кои директно ќе ги посетуваат училиштата и градинките, и преку интерактивни активности ќе разговараат со децата за значењето на штедењето и за создавањето добри финансиски навики.

Централно место во едукативната програма има проектот „Медената авантура со Биби и Боби“, преку кој најмладите преку своите омилени ликови – Биби и Боби, Медо Штедо и Медена, на забавен и за нив близок начин го запознаваат светот на штедењето. Преку едукативната песничка и едукативната сказна, децата на забавен и едноставен начин откриваат како со малку трпение и планирање можат да ги остваруваат своите желби и да прават мали чекори кон своите цели.

Како дел од посетите, вработените на Шпаркасе Банка заедно со децата ќе реализираат едукативни активности преку игри, разговор и интеракција, креирани за полесно и позабавно изучување на основните начела на штедењето. На овој начин, едукативната порака не останува само на приказна или песничка, туку станува интерактивно искуство во кое децата активно учествуваат, учат и се забавуваат.

– Веруваме дека финансиската едукација треба да започне уште од најрана возраст, но и дека најдоброто учење за децата е она што е забавно, разбирливо и блиско до нивниот свет. Токму затоа, преку нашиот едукативен карван сакаме да им покажеме на најмладите дека штедењето може да биде и игра, и авантура, но пред сè – важна навика за иднината. Нашата цел е секое дете да си замине со ново знаење, но и со својата прва мала идеја дека вреди да се штеди за нешто што навистина го посакува – изјави Билјана Вранишкоска, раководителка на Одделот за мрежа на експозитури во Шпаркасе Банка.

Едукативниот карван е дел од пошироката заложба на Шпаркасе Банка за поттикнување на финансиската писменост и за создавање здрави финансиски навики кај најмладите.

По повод Месецот на штедењето, Шпаркасе Банка подготви специјална понуда за најмладите – Детскиот депозит „Медо Штедо“. Создадете ја првата навика за штедење кај вашето дете и помогнете му уште од најрана возраст да научи дека секоја заштедена паричка е чекор поблиску до остварување на неговите желби и цели.

Дознајте повеќе за понудата тука или посетете ја најблиската експозитура на Шпаркасе Банка и направете го првиот чекор кон создавање добри финансиски навики кај вашето дете.

Штедете паметно, создавајте добри навики и градете ја вашата иднина со Шпаркасе Банка – дел од Групацијата Штаермеркише Шпаркасе, со повеќе од 200 години традиција, искуство и посветеност кон своите клиенти и заедницата.

#ВерувајВоИднината