Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на оваа година или на почетоткот на идната да биде ставен камен-темелник за проектот „Брза пруга“ на Коридорот 10, кој треба да се реализира во рамки на Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија.
Соопшти дека физибилити-студијата е целосно завршена и е во фаза на ревизија, а во однос на финасиери за проектот рече дека има еден и оти јавноста бргу ќе биде запозната.
На новинарско прашање Мицкоски одгвоори дека не очекува „никакви турбуленции“ што би влијаеле врз реализацијата на проектот поради промените во британската влада.
-Ние сме оптимисти дека до крајот на годината ќе поченеме со камен-темелник. Летово ќе поработиме на договорот со заемодавателот, со потенцијалните изведувачи ќе имаме компетитивен дијалог, така што очекувам, ако биде сè како што треба, или оваа година на крајот или рано на почетокот на следната. Не очекувам да имаме никакви турбуленции поради промените во британската влада. Сепак, тоа е сериозна држава и тукутака институционалоната меморија не се менува, приоритетите не се менуваат визави кадрите коишто се во владата – изјави Мицкоски.
Во однос на другите проекти за кои треба да гарантира владата на Велика Британија во рамки на Стратешкиот договор, претседателот на Владата рече дека можеби во здравството „ќе излеземе од рамката на оние гаранции што ги имаме со британската влада и ќе одиме директно со заемодавателите“.
-Бидејќи таму добиваме услови, кога ќе се земе грант-компонентата, можеби покомпетитивни од тие коишто би ги имале со Договорот за стратешко партнерство. Правевме анализа, цениме дека условите што меѓународните финансиски институции ни ги дадоа за Клиничката болница Штип, болницата во Кичево, Клиничката болница Тетово, Медицинскиот факултет Штип и Студентскиот дом во Штип се можеби и подобри од тие што ги имаме во Стратешкиот договор со Велика Британија – додаде Мицкоски, пренесува МИА.

































