Фото: Пиксабеј

Променливо облачно време со сончеви периоди и локална нестабилност во попладневните часови се очекува денеска низ земјава, информираат синоптичарите.

Во текот на денот на повеќе места ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до силен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе надминува брзина од 60 километри на час.

Дневната температура ќе се движи од 9 до 32 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а попладне во одделни делови од котлината можни се краткотрајни врнежи од дожд проследени со грмежи. Температурата ќе се движи од 14 до 30 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека до крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови наместа ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално се очекуваат и поинтензивни временски процеси со пообилни врнежи, силен ветер и услови за појава на град, особено во четврток и сабота. Во текот на целиот период ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец.