Фото: Пиксабеј

Иран предупреди дека ќе ги уништи американските воени бродови доколку САД се обидат да воспостават контрола врз Ормускиот Теснец, објави „Економик Тајмс“.

Заканата ја упатил воен советник на врховниот лидер на Иран, кој нагласил дека секој американски обид за доминација во клучниот морски премин ќе предизвика директен воен одговор.

– Вашите бродови ќе бидат потопени со нашите први ракети – изјавил функционерот.

Предупредувањето доаѓа во време на зголемени тензии во регионот, каде Ормуската Теснина – низ која поминува значителен дел од светската нафта – останува во центарот на конфликтот меѓу САД и Иран.

Слични пораки пренесуваат и други медиуми, при што се наведува дека Иран е подготвен да реагира доколку Вашингтон се обиде да „полициски“ ја контролира теснината.

Експертите предупредуваат дека ваквата реторика дополнително го зголемува ризикот од директен судир во регионот, особено по најавената американска блокада и неуспешните мировни разговори.