Фото: Маја Јаневска-Илиева

За православните верници од денеска започнува велигденскиот пост, кој трае шест недели, до празникот Воскресение Христово – Велигден, што годинава се прославува на 12 април.

Овој пост се смета за најдолг и најстрог во православната традиција и претставува период на духовна подготовка, покајание, молитва и воздржување. Во текот на постот верниците се повикуваат на смирение, простување и засилена духовна посветеност.

Постот завршува со прославата на Христовото воскресение, најголемиот христијански празник.