Националната метеоролошка служба соопшти дека на источниот брег на САД му се заканува нова снежна бура, соопшти Националната метеоролошка служба.
Големите градови во североисточниот дел на САД, како што се Њујорк, Филаделфија, Бостон и главниот град Вашингтон, се подготвуваат за нови снежни врнежи и бурни ветрови.
– Во Бостон може да паднат од 30 до 60 сантиметри снег. Поради снегот во некои делови од источниот брег, ситуацијата со патиштата може да стане комплицирана, а движењето може да стане речиси невозможно – соопшти метеоролошка служба и предупреди за ризикот од прекин на електричната енергија.
Во Делавер и Њу Џерси се очекуваат и поплави. За силна бура се подготвуваат и властите и жителите на Њујорк.
Кон крајот на јануари, неколку региони на САД ги зафати силна зимска бура, која, според информации на властите, однесе повеќе од 100 жртви.


































