фото: Маја Јаневска - Илиева

Поради снежни врнежи, од 7.40 часот е воведена забрана за движење на камиони и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка, информира ЈП „Македонијапат“. За сите останати возила задолжителна е употребата на зимска опрема.

Исто така, од 6.50 часот поради интензивен снег е воведена забрана за сообраќај на камиони на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.