Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска најави повторно активирање на кавадаречкиот комбинат, поранешно „Фени“.
– Компанијата „Golden Eagle“ – поранешно „Фени“, во првата фаза ќе врати на работа 170 работници, по што следува втора фаза со вклучување на дополнителни 500 лица – напиша Јанчев во објавата на Фејсбук.
Градоначалникот подвлече дека во април бил планиран почетокот на производството на никел, при што производствените печки ќе биле ставени во функција.
– Добрата соработка помеѓу „Golden Eagle“, Општина Кавадарци, како и со Владата и премиерот Христијан Мицкоски, овозможија оваа фабрика повторно да биде активирана и ставена во функција за доброто на граѓаните и локалниот економски развој – сподели Јанчев.
































