Фото: „Илинден“-Тирана

Претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, врачи благодарницата „Илинден“ на институцијата Народен правобранител на Република Албанија.

Благодарницата „Илинден“ за 2025 година беше доделена на институцијата Народен правобранител на Република Албанија за заложбите и поддршката што ги дава за Македонците во Република Албанија, како и за поддршката на македонското друштво „Илинден“-Тирана.

-Ми беше огромна чест во име на друштвото и на македонското национално малцинство во Република Албанија, лично да ја предадам благодарницата . На средбата беа присутни народниот правобранител Ендрит Шабани, генералниот секретар на институцијата Фатбард Зенелај и Вилма Шурда, комесар на генералниот оддел. Го запознав народниот правобранител со работата и моменталните активности на друштвото, а посебен акцент во разговорот беше ставен на клучните прашања за македонците во Република Албанија. Срдечна благодарност до Народниот правобранител за неговата безрезервна поддршка и охрабрувачките зборови, кои ни даваат сила и мотивација да продолжиме со нашата борба за зачувување на македонскиот јазик, идентитет и култура – рече Ѓурѓај.