Најголем дел од домаќинствата во земјава или една третина живеат во трисобен стан меѓу 51 и 70 метри квадратни. Над две третини имале автомобил и клима-уред, а само 40 отсто велосипед. Речиси половината имале персонален компјутер, поврзан на Интернет, додека мобилен телефон имале над 92 проценти, радио 28 проценти и телефон само 22 проценти.
Во просек од тројца членови на домаќинството во работен однос бил еден. Просечниот број на членови во домаќинствата изнесува 3,05, во работен однос во просек биле 1,13. Издржувани биле 1,15 членови, а 0,67 членови со лични приходи. Самовработени лица биле 0,03, а активни земјоделци 0,07, покажуваат податоците од „Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија 2025“ на Државниот завод за статистика.
Според снабденоста со трајни добра на домаќинствата над 97 проценти од домаќинствата имале електричен шпорет, бојлер, фрижидер, машина за перење, пегла и телевизор. Правосмукалка 93%, а клима-уред 66,7 проценти. Фрижидер за длабоко замрзнување (58,7 проценти), машина за миење садови (40,6 проценти). Радио имале 28 проценти, а 13,7 проценти фотоапарат.
Патнички автомобил имале две третини од домаќинствата или 67,8 проценти, велосипед 40 проценти, а мотор 7,7 проценти.
Мобилен телефон имале над 90 проценти, а телефон само 22 проценти. Персонален компјутер, поврзан на Интернет речиси половина од домаќинствата (46,5 проценти),
Водовод и електрична енергија имале сите домаќинства, а одвод 99,8 проценти. Телефонски приклучок имале 54,5 проценти, а само 15,3 проценти централно парно греење.
Најголемиот дел од домаќинствата изминатата година се грееле на печки и тоа над 71% на цврсти горива, додека 20,7% на струја. На 5 проценти имале сопствено парно греење, а 2,9% на централно парно греење.
Над 92,7 проценти од домаќинствата живееле во сопствен стан, 5,1 проценти кај родител, деца или други роднини и 2 проценти во стан под закуп.
Според површината на станот што се користел една третина или 32 проценти живееле во стан меѓу 51 и 70 метри квадратни. Над 26 проценти живееле во стан меѓу 81 и 100 метри квадратни. Околу 10 проценти живееле во стан меѓу 31 и 50 метри квадратни, додека над 14,5 проценти во стан со над 100 квадратни метри површина.
Најголем дел од домаќинствата или 36,3 проценти живеат во трисобен стан, 28,6% во четирисобен или поголем, а 26,4 проценти во двособен стан. Во еднособен стан или гарсоњера живеат 4,5% до домаќинствата.
Податоците се добиени врз основа на статистичкото истражување „Анкета за потрошувачката на домаќинствата“, спроведено во текот на 2024 година на 5.040 домаќинства. Анкетирани се 2 914 семејства, додека бројот на оценети семејства е 598.632, од кои најголемиот број 92,7 проценти се неземјоделски (555.079), 5,2 проценти се мешовити (31.373), а само 2 проценти се земјоделски (12.180).
































