Поради магла има намалена видливост на неколку патни правци низ државава, соопшти ЈП „Македонија пат“ апелирајќи на внимателно возење.
-Намалена видливост поради појава на магла до 30 метри на патниот правец Жировница – Луково, намалена видливост 150 метри во околината на Тетово, Штип, Петровец и Демир Капија – стои во соопштението.
Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, додека на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

































