Вршителот на должноста американски амбасадор во Данска, Марк Штро, го потврди правото на самоопределување на Гренланд откако данските разузнувачи издадоа извештај во кој тврдат дека американски граѓани, кои не се членови на владата или дипломати, се обидуваат да влијаат врз политичката ситуација во оваа арктичка територија.
Штро, во текот на посетата на Копенхаген, се сретна со дански и гренландски функционери како одговор на извештајот на данската јавна телевизија ДР, според кој најмалку тројца Американци поврзани со американскиот претседател, Доналд Трамп, се осомничени за обид за промовирање на Гренланд на отпор кон данската Влада.
Очигледно, нивните напори вклучувале и поттикнување на сецесија на Гренланд и неговото одвојување од Данска.
Во соопштението испратено од Стејт департментот вчера, беше потврдено дека Штро имал „продуктивни разговори“ со дански и гренландски функционери, повторувајќи ја посветеноста на САД за зачувување на своите врски со Данска и Гренланд.
Стејт департментот, исто така, соопшти дека САД го почитува правото на народот на Гренланд да одлучува за својата иднина.
Во соопштението, исто така, се нагласува дека владата на САД не ги контролира ниту ги води постапките на поединци, одбивајќи да ги коментира наводите на данските разузнавачи.
Гренланд, полуавтономна територија во рамките на Кралството Данска, има право да прогласи независност.
Претседателот Трамп на неколку пати изрази интерес за добивање на Гренланд од стратешки причини, па дури и не ја исклучи можноста за употреба на сила за постигнување на таа цел.
-Ние сме партнер, ние сме сојузници и очекуваме дека ќе се применуваат дипломатски правила. Очекуваме дека ќе се почитува меѓународното право и суверенитетот- рече премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен.