Најевтината земја за живеење во светот
Ново истражување откри која земја е најприфатлива за живеење на доселениците, а цените можеби ќе ве изненадат. Студијата ги зеде предвид трошоците за здравствена заштита, транспорт, кирија, храна и комуналии за да го одреди победникот. Според експертите од компанијата „Вилијам Расел“, Виетнам е официјално најевтината земја за живеење на иселениците.
– Виетнам долго време е омилен меѓу дигиталните номади и оние што го следат буџетот. Нуди сè што е потребно за квалитетен живот – од сончеви плажи до метрополи, вкусна храна, пријателски луѓе, модерни погодности и древни традиции. Ретко некоја земја нуди толку многу разновидност – рече портпаролот на компанијата, пренесува „Дејли мејл“.
Еднособен стан во Виетнам може да се најде за околу 310 евра месечно, додека просечната цена на трособен стан е околу 690 евра. Вкупните трошоци за живот, според истражувањето, се дури за 59 проценти пониски отколку во Велика Британија.